Почетна Анализа Вселенскиот патријарх: „Русите кренаа пета против добротворот“
Вселенскиот патријарх: „Русите кренаа пета против добротворот“

Вселенскиот патријарх: „Русите кренаа пета против добротворот“

1.30K
0

Вселенскиот патријарх Вартоломеј го потенцира одговорниот однос на Вселенската патријаршија во црковниот спор што избувна со Московската патријаршија, за време на еден настан во Њујорк, кој е последна станица од неговата турнеја во САД.

Иако Руската Патријаршија престана да го споменува Вселенскиот патријарх под изговор дека ѝ даде автокефалија на Украинската црква, Патријархот појасни дека Цариградската патријаршија продолжува да го спомнува Патријархот на Русија, а го има советувано и претстојателот на Украинската црква да го прави истото.

За односот на Московската патријаршија, г. Вартоломеј зборуваше за неблагодарност. „Како што знаете, во последниве години (првиот престол) беше искушуван од неблагодарниот однос на Руската црква кон својата Мајка црква. Ние сме црква-мајка затоа што ние им го дадовме Христијанството. Им го дадовме просвештението. Им ја дадовме кирилицата, преку која сакавме да им помогнеме да ја негуваат својата цивилизација. А тие, како што велиме на црковен јазик, кренаа пета против добротворот. Тие ни се налутија затоа што ја направивме украинската црква автокефална“, рече г. Вартоломеј.

Се потсетува дека според преданието на Црквата, доделувањето на автокефалност е единствена привилегија на Вселенската патријаршија. Во текот на вековите, Вселенската патријаршија повеќе пати има доделено автокефалија на помесните цркви, почнувајќи од самата Руска црква во 16 век. „Зошто да не ја направиме (автокефална Украинската црква), како што ја направивме автокефална Русија, Србија, Бугарија, Грција, Полска, Романија, Албанија? А ексклузивна привилегија на Вселенската патријаршија е да ја даде автокефалноста. „Сите овие цркви што ги набројав станаа автокефални од Вселенската патријаршија, која самата себе си се празни, бидејќи дава територии под нејзина јурисдикција да станат автокефални, независни цркви“, објасни Вселенскиот патријарх.

Низ оваа призма, по кризата што настана меѓу Украина и Русија, патријархот Вартоломеј одговори на барањето на народот на Украина, давајќи автокефалија. Во знак на одмазда, Московската патријаршија одлучи да престане да го спомнува Вселенскиот патријарх. Цариградската црква, останувајќи верна на црковниот поредок и со чувство на одговорност кон историјата, не реагираше на овој потег и продолжи редовно да го споменува патријархот Кирил.

„Па зошто да не го сториме истото со Украина, со нејзините 40-50 милиони жители? Сакаа не само сега, туку и многу од порано, а сега уште поинтензивно нашите браќа Украинци побараа да имаат своја црква и да не ѝ припаѓаат на Москва, да не зависат од Москва, да не бидат угнетувани од Москва. Тоа го направивме со чувство на одговорност кон историјата и кон Украина и нејзиниот народ. Тие се налутија и го прекинаа општењето со Вселенската патријаршија. Моето име го извадија од диптисите и не ме спомнуваат. Гајле ми е (што не ме спомнуваат)“, рече г. Вартоломеј.

/EURONEWS

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *