Почетна Вести Регион Кривокапиќ: Во Белград нема да го потпишам договорот со СПЦ
Кривокапиќ: Во Белград нема да го потпишам договорот со СПЦ

Кривокапиќ: Во Белград нема да го потпишам договорот со СПЦ

133
0

Премиерот Здравко Кривокапиќ денеска најави дека при претстојната прва официјална посета на Белград нема да го потпише Основниот договор со Српската православна црква (СПЦ), која се уште го разгледува таквиот договор.

„Подготвен сум да го потпишам договорот штом ќе се исполнат сите предуслови“ вели тој, пренесува Вијести.  

Кривокапиќ на 2-ри и 3-ти ноември ќе престојува во официјална посета на Србија на покана на српската премиерка Ана Брнабиќ.

По усогласувањето на Основниот договор меѓу СПЦ и Црна Гора, кој требаше да биде потпишан на крајот на мај, Кривокапиќ направи одредени измени во документот, за кои Српската православна црква се уште не се изјаснила.

Зборувајќи за формирањето на неговата партија, Кривокапиќ во интервју за ТВЦГ не изјави дека тоа ќе го направи, туку само размислувал на тоа.

„Немам намера сега да навлегувам во тоа. Но, ако се случи некој политички момент, нормално е да размислувам за тоа“, изјави Кривокапиќ пред новинарите во парламентот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *