Во тетовскиот градски базен посебни термини само за жени – нарушена секуларност, или зголемени верски права?

Date:

Share post:

Градскиот базен во Тетово воведе посебни термини кога може да се капат само жени и девојки. Термините се во среда и сабота од 08:30 до 12:00 часот, објави СДК.МК

„Тие термини се предвидени базенот да го користат само жени и девојки бидејќи не сакале да има мешање со мажи на базенот. Тоа е направено според барање на граѓаните односно граѓанките од Тетово“, изјавил Назми Даути, раководител на секторот за Јавни дејности на Општина Тетово.

Одлуката предзвика голем број реакции во јавноста која ја оценува како кнтроверзна која предизвикува полова сегрегација, која е вообичаена само во некои конзервативни муслимански земји..

Со завршување на учебната година градскиот базен, кој до овој период беше наменет само за учениците, ги отвори вратите за сите посетители. Ова е единствен базен во Тетово, додека уште неколку се наоѓаат во околните села. Според летната шема базенот во Тетово е отворен од понеделник до петок од 08:30 до 16:30 часот, додека за време на викендот од 09:00 до 21:00 часот

Во текот на школската година базенот се користи во рамките на образовниот процес и е наменет само да учениците од тетовските училишта, а во летниот период е наменет за користење на граѓаните од Тетово.

Иако нема официјална потврда, сепак причината за ваквата одлука лесно се лоцира во религиски причини. Сепак во секуларно и мултиетничко општество дилемата која се отвора е дали ова е кршење на секуларизмот, или пак проширена форма на верски права.

1 COMMENT

  1. А зошто не би постоеле женски термини за пливање во јавен базен или доколку немаат специјален детски базен и детски термини? Можеби се досетиле од религиозни побуди, заради нивниот стил на живеење итн. (впрочем тоа е еден благороден аспект на нивната вера), но идејата е фантастична. Освен тоа, тие не бараат женски термини за Албанки, туку просто женски термини. Она што згрозува е реакцијата на некои македонски чувари на секуларниот општествен модел: кого и од што бранат тие? Јавните базени не се најблагопријатни места за капење таму каде што нема море или езеро во близина токму заради гужвите, заради неочекуваната констелација на посетителите во даден момент, гледано ид аспект на нивната култура на живеење, хигиенски навики, афинитети на дружељубивост итн. Најдобро е, се разбира, муслиманите да имаат право да си изградат свои базени за рекреација на нивните девојки и жени. Тоа го сфаќам како благородно практикување на етнички и верски права, а не универзитетите на албански јазик кои генерираат кадри коишто подоцна тешко и ретко се способни да се интегрираат во македонското општество или не дај Боже права за полагање правосудни, адвокатски и сл. испити на албански или на кој било немакедонски јазик.
    Знаете ли колку е тажно да се видат жени муслиманки на европска плажа во врелите летни денови? Чекаат приквечер да си заминат сите пливачи, а тие во своите мантили, во целосна многуслојна облека, речиси зимска, забрадени, со машка придружба од најблиското семејство (најчесто со сопругот кој ги држи за рака, дури и ги има прегрнато, да не речам задушено) се овидуваат да се разладат до колковите во плитките води. Лесно е да се види копнежот во нивните очи и тие да запливаат слободно во морето и да се освежат како сите слободни луѓе.
    Зошто ние би се гаделе од тоа? Лично не ги сакам базените заради квалитетот на нивната вода (мириса на ацетон или на којзне што), од хигиенски причини, заради гужвите и заради неподготвеноста да пливам со случајни намерници внатре. Значи, на базен сепак открива човек дел од својата интима, а просторот е многу поограничен одошто на морските и на езерските крајбрежја. Не верувам дека во Тетово има многу мешани бракови. Значи, би било веројатно и добро кога муслиманите би имале свој посебен базен, кога навистина би ги почитувале нивните верски чувства во пракса на тој начин, а со тоа би ги заштитиле и своите (можно е и македонските девојчиња во тие градови да не се расположени да ги користат базените заради мешаните култури и мижењето пред тоа не е начин разликите да се надминат). Би било идеално да има женски термини и за нашите девојки таму, во еден посебен христијански базен.
    Тоа не е изолационизам, тоа е напротив почит на нечии верски чувства. Ако донесеш закон луѓето да не ги чувствуваат тие разлики, разликите нема да исчезнат, само ќе наметнеш некое вештачко однесување коешто од политички или кариеристички причини некои ќе го прифатат, мнозинството не.
    Но постојат други начини со кои би се ширела меѓусебна почит и љубов, во мерата којашто не ја загрозува или не ја игнорира таа различност.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img