Почетна Вести Свет Во Канада палат цркви по откритието на стотици гробови во католички интернат за деца

Во Канада палат цркви по откритието на стотици гробови во католички интернат за деца

745
0

Синоќа за помалку од еден час до темел изгореa две цркви во Британска Колумбија, во област во која живее автохнтоно индијанско население.

Само минатата недела во западна Канада изгореа четири католички цркви, јавува Би-би-си.

Полицијата објави дека црквите се во целост уништени, изразувајќи сомнеж дека пожарите се подметнати. Засега нема уапсени, ниту обвинети. Истрагата и понатаму трае, изјавија од полицијата.

Што претходи на палењето цркви?

Вестите за намерно запалените цркви во Канада пристигнаа по откритија кои ја шокираа Канада, но и делови од светот.

Имено, автохтоното население минатата недела објави дека откриле 750 неименувани гробови на место на поранешен интернат.

– Истражувањата ги започнавме со георадар на 2 јуни и до вчера пронајдовме 751 гроб. Не е јасно колку од остатоците припаѓаат на деца, изјави претседателот на заедницата Ковешеш фрст нејшн, Кадмус Делром.

Тој изјави дека училиштето го водела католичката црква, која ги остранила надгробните плочи.

-Не сме ги тргнале спомеиците, тоа е кривично дело во оваа земја. Тргањето споменици го сметаме за место каде се случило криминално дело, изјави Делром.

Во тој интернатски училишен систем, кој постоел помеѓу 1831 и 1996 година биле вклучени околу 150.000 деца на староседелци кои биле одземени од нивните родители и предци од страна на христијанското училиште заради асимилација.

-Канада ќе биде позната како земја која сакала да ги истреби староседелците. Сега имаме доказ, изјави шефот на Сојузот на суверени староседелци Боби Камерон, додавајќи дека ова е само почеток.

Истражувањата околу некогашното училиште почнало кон крајот на мај откако биле откриени остатоци од 215 ученици закопани на место на некогашниот интернат за деца од автохтоното население Камплус во Британска Колумбија, најпознатата покраина во Канада.

/Независен

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *