Во обновениот српски манастир „Успение на Пресвета Богородица“ во Химелстир, Германија, во саботата се собраа архијереи од Српската православна црква и други помесни православни цркви, но вниманието го привлече составот на српската црковна делегација.
На свеченоста, со која началствуваше митрополитот германски Григориј, присуствуваа и митрополитот Јустин, кој годинава беше дефинитивно разрешен од управувањето со Жичката епархија, и митрополитот црногорско-приморски Јоаникиј, за кого во Црна Гора веќе подолг период се води предмет.
Присуството на двајцата архијереи му дава на настанот во Химелстир и поширока црковна димензија, надвор од самото осветување на обновениот манастир.
Митрополитот Јустин во февруари годинава беше отстранет од управувањето со Жичката епархија, а во мај, Светиот архиерејски собор донесе одлука со која Јустин и дефинитивно беше разрешен од понатамошното управување со Жичката епархија.
Чинот на осветувањето го изврши митрополитот германски Григориј, а на свеченоста, според официјалното соопштение на Митрополијата црногорско-приморска, покрај него и Јоаникиј присуствувал и умировениот митрополит жички Јустин, како и повеќе други архијереи на СПЦ и други помесни православни цркви.
На свеченоста присуствуваа и принцот-наследник Филип Караѓорѓевиќ и принцезата Даница, како и претставници на други верски заедници и германските власти.
Филип по осветувањето порача дека манастирот по обновата треба повторно да биде место на молитва, собирање и духовно зајакнување на Србите во Германија.

