Почетна Вести Регион Во црква само со негативен тест: Нови антиковид мерки во Грција
Во црква само со негативен тест: Нови антиковид мерки во Грција

Во црква само со негативен тест: Нови антиковид мерки во Грција

100
0

Грција воведе нови ограничувања кои ги обврзуваат верниците да покажат негативен тест за Ковид-19 за да присуствуваат на богослужбите по зголемувањето на бројот на новозаразени во последните недели.

Според новите правила објавени на 18 ноември, на невакцинираните лица им е забрането да влегуваат во затворени простори, вклучувајќи ресторани, кина, музеи и спортски сали, дури и ако тестот е негативен за корона вирусот, објави Ројтерс.

Во неделата беше првиот ден кога оние кои сакаа да присуствуваат на богослужбата мораа да покажат негативен тест.

„(Ова е) да се заштитиме себеси и луѓето“, рече отец Христос, свештеник во црквата Свети Спиридон во Пиреја.

„Можеби е малку тешко, но ќе истраеме, должни сме да почитуваме се“, посочи тој.

Некои верници изјавија дека на неделната богослужба се појавиле помалку луѓе од вообичаено поради барањето невакцинираните лица да плаќаат за тестови за ковид-19, бидејќи тоа ги зголемува трошоците за многудетните семејства.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *