Почетна Вести Христијанство Владиката Петар: СПЦ треба да покаже добра волја

Владиката Петар: СПЦ треба да покаже добра волја

260
1

Нема ништо лошо во тоа што претседателот Пендаровски се сретна со Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Истанбул, вели владиката Петар кој е задолжен за меѓународните односи во Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА.

-Јас лично не бев информиран за тоа од никого, но претпоставувам дека вршејќи ја функцијата како претседател, ја имал таа можност да воспостави контакти и нема ништо лошо во тоа што направил средба со вселенскиот патријарх Бартоломеј, вели Г. Петар, Митрополит Преспанско – Пелагониски.

Моментално заради коронавирусот нашето прашање не е ажурирано во смисла што поскоро да се надмине и да се реши, вели владиката Петар.

-Тоа е исклучиво работа на време и се надевам при првите можности кои ќе и се укажат на нашата црква, од страна на Вселенската патријаршија, ќе бидеме најверојатно повикани на една официјална средба и на таа средба најверојатно ќе се каже мислењето и ставот како да се надмине прашањето со самостојноста на МПЦ, истакна владиката Петар.

Тој потенцира дека нашиот случај не треба да се споредува со украинскиот.

-Таму се работи за големо мнозинство на Руската православна црква. Кај нас таков случај ниту е, ниту може да биде, зашто она што кај нас се обиде да се направи со тој проект, ПОА, тоа е промашена работа, сме зборувале повеќепати, сите тие заедно не прават ни половина парохија. Сите тие прават стотина до 150 души. Тоа не може никако да биде споредба за да се право меѓу Украинската и Македонската православна црква, кај нас е чиста работата, јасно е се, вели Владиката Петар.

Според него, единствено треба да има добра волја од страна на СПЦ, за ова прашање конечно да се надмине.

/sitel

Коментар(1)

  1. Koga ce uspee misijata na Pendarovski I Zaev za avtokefalnosta na MPC, dvajcata treba MPC da gi proglasi za zivi svetiteli namesto vladikava Petar.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *