Грчкиот свештеник кој ги нападна епископите со фрлање киселина е упасен

Date:

Share post:

Седуммина високи членови на Грчката православна црква и уште три лица се примени во болница со изгореници откако биле испрскани со киселина од свештеник кој бил на дисциплинско сослушување, објавија властите.

Грчката полиција го уапси 36-годишниот поп кој ја нападнал група епископи во манастирот Петраки во Атина, фрлајќи им киселина. Седум епископи кои се состанаа да разговараат за разрешувањето на свештеникот се здобија со изгореници на лицето и рацете и итно биле пренесени во болница, објави Ројтерс.

Тој се соочувал со исклучување од црквата откако во 2018 година бил фатен со неколку грама кокаин, објави новинската агенција АНА

-Ја изразувам мојата згроженост од овој досега невиден настан, изјави грчката претседателка Катерина Сакеларопулу.

Весникот „Та неа“ објави дека свештеникот донесол големо шише со корозивна течност на состанокот во манастирот „Петраки“ во централниот дел на Атина. Тој бил фатен од чувар на капијата на манастирот откако се обидел да избега.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img