Преспанско-пелагонискиот митрополитот, г. Петар ги отфрла обвинувањата за политичка активност и не гледа ништо лошо во тоа што на поменот за Методија Патчев ја запеал патриотската песна „Послушајте патриоти“.
Владиката г. Петар во изјава за Телевизија Телма, смета дека покажал и доблест што пеел патриотски песни.
-Да се пеат некој непристојни песни, да, јас лично би забележал и би барал прошка за тоа. Има Владици кои се однесуваат непристојно, а народот не реагира , а реагира затоа што Владиката запеал патриотска песна, изјави Г. Петар, за ТВ. Телма.
-Тоа беше направено на гробот на Методија Патчев, не беше тоа по некој друг повод. Не отидов пред седиштето на ЕУ или на СЈО, па таму да пеам такви песни, тогаш некој можеше да ми забележи, изјави Г. Петар.

