Петмина повредени во напад врз џамија

Date:

Share post:

Пет луѓе се повредени во нигерискиот град Мајдугури во самоубиствен напад пред џамија.

Две жени самоубијци загинаа откако едната го активирала експлозивот што го имала на себе во момент кога била запрена во обидот да влезе во џамијата во Мајдугури.

Државата Борно е честа мета на напади на исламистите од Боко Харам, фракција поврзана со Исламска држава.

Над 20.000 луѓе се убиени, а 2,6 милиони лица се раселени од почетокот на бунтот на Боко Харам во 2009 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img