Почетна Вести Христијанство Владиката Петар отвора телевизија во Скопје?
Владиката Петар отвора телевизија во Скопје?

Владиката Петар отвора телевизија во Скопје?

1.98K
2

Владиката Петар ќе отвора телевизија, откако добил дозвола за тоа од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за нова телевизија на релгионално нив во Скопје, објави Фактор.мк

Барањето за дозвола го поднела компанијата „Преобразба“, а нејзин основач, сопственик и управител е Петар Каревски.

Фактор пишува дека дозволата издадена од АВМУ е за телевизија со општ формат, како што се претежно сите телевизии во Македонија. Треба да се емитува преку кабелските оператори на регионално ниво во Скопје кое ги опфаќа и и општините Чучер Сандево, Арачиново, Илинден, Петровец, Зелениково, Студеничани и Сопиште. Скопскиот регион е најголем и економски најјак.

Но, за старт на телевизијата е потребно правното лице, односно фирмата на Владиката да ги исполни условите, кои бараат прилично голема инвестиција.

Прашањето кое првично се поставува од каде му пари на Владиката Петар за влез во медиумсииот бизнис, со оглед на тоа што Телевизија е прилично скапа „играчка“.

Владиакта Петар изминатиов период во јавноста го обвинуваше Бигорскиот манастир дека му се мешале во ингеренциите во епархијата, па оттука лоѓично е прашањето зошто изборот за работа на телевиизјата е Скопје, а не Битолскиот регион, каде тој е владика.

Со оглед на тоа дека станува збор за општо формат на програма, тоа подразбира и информативна програма, што може да биде прилично дискутабилно со оглед на улогата во општеството што ја има сопственикот на телевизијата.

Коментар(2)

  1. Со тие пари, веројатно, може да основа и мала поликлиника или амбуланта. Веројатно може и народна кујна со достава за стари и изнемоштени лица.
    Може, арно ама… Он решил СПЦ да му е пример со Тв Храм.

  2. Одлична вест! Постојат големи шанси тоа да биде еден здрав медиум, каков што одамна нема во македонскиот етер. И зошто некого би вознемирувало постоењето на еден медиум врз православна платформа?!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *