Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски и митрополитот Кумановско-осоговски Григориј имале средба во општина Куманово.
Димитриевски на својот фејсбук профил објави за средбата со Владика Григориј и потенцираше дека таа е во духот на улогата на верските заедници во општественото живеење.
-Во пријателска атмосфера ја истакнавме позитивната улога и значењето на верските заедници во општественото живеење, особено во мултиетничкиот состав на населението, како што е Општина Куманово, каде е изразена меѓусебната поддршка, почит и верската толеранција, напиша Димитриевски на Фејсбук.

