Почетна Вести Христијанство Владиката Агатангел – да им помогнеме на лекарите, се друго во овој момент е противење на Божјата воља
Владиката Агатангел – да им помогнеме на лекарите, се друго во овој момент е противење на Божјата воља

Владиката Агатангел – да им помогнеме на лекарите, се друго во овој момент е противење на Божјата воља

312
0

Митрополитот Повардарски, г. Агатангел испрати послание до свештениците на епархијата, во која бара одговорно и совесно однесување за време на празниците во услови на пандемија.

Владиката Агатанген од своите свештеници очекува да го сведочат Христовото дело во поддршка на медицинските лица кои се на браникот од пандемијата.

-Во овие здравствено-кризни моменти, целата медицинска фела е на браникот на борбата за зачувување на општонародното здравје, затоа Ве повикувам безусловно и неколебливо да им помогнеме на сите нив, да истраат во нивната борба за сите нас. За да им помогнеме треба неколебливо да ги следиме сите препораки и совети дадени од нивна страна. Се друго во овие моменти е противење на Божјата волја, пишува владиката во посланието.

Во продолжени целосното посланите на г. Агатангел.

Послание на АГАТАНГЕЛ, по милоста Божја Митрополит Повардарски,

до свештенослужителите и патството на Повардарската епархија,

Почитувани отци и верни чеда на Македонската православна црква, односно Повардарската епархија,

Ситуацијата во која се наоѓаме бара од нас, како свештенослужители и работници на Господовата почва, одговорно и совесно однесување. Пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19 создаде многу здравствени проблеми, однесе многу животи и времено го промени нашето секојдневие. На никој од нас не му е сеедно во овие тешки времиња, но нашиот одговор, како во секоја Богомдарувана животна ситуација е важен. Бог благоизволи, Ние, свештенослужителите да го сведочиме Словото, но да не заборавиме дека Бог ја осветува и просветлува секоја жива твар, па така сите останати професии се Божјо создание и допуштение. Во овие здравствено-кризни моменти, целата медицинска фела е на браникот на борбата за зачувување на општонародното здравје, затоа Ве повикувам безусловно и неколебливо да им помогнеме на сите нив, да истраат во нивната борба за сите нас. За да им помогнеме треба неколебливо да ги следиме сите препораки и совети дадени од нивна страна. Се друго во овие моменти е противење на Божјата волја. Неразумното мудрување и надмудрување со работи кои не ги разбираме, можат да нанесат само уште поголема штета. Уште еднаш апелирам до сите, да се однесуваме совесно и одговорно во овие моменти. Крајот на оваа криза се надѕира, но сеуште не е се готово, бидејќи зависи од нас.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *