Почетна Вера Католичка црква Божиќна честитка на Бискупот и Епарх Киро Стојанов – Божик не е во занесеноста на потрошувачката

Божиќна честитка на Бискупот и Епарх Киро Стојанов – Божик не е во занесеноста на потрошувачката

86
0

Една приказна сместена во контекст на современиот потрошувачки менталитет на глобално ниво, ни говори нешто за празнувањето на Божик без Бог. Приказната е наречена „Сонот на Марија“.

Марија му вели на Јосиф: „Јосифе, сонував нешто. Не го разбирам сонот, но ми се чини дека имаше некоја врска со роденденот на нашиот син. Во сон видов како луѓето неколку недели се подготвуваат да го прослават роденденот на нашиот Син. Тие ги украсуваат своите домови, готват прекрасни јадења, купуваат нова облека и многу убави подароци, но малку ми е чудно што овие подароци не беа за нашиот син. Тие ги завиткуваат во фина шарена хартија и ги ставаат под некое дрво што го поставиле во својот дом. Да, Јосифе, вистинско дрво среде нивните домови! И тоа дрво украсено со блескав накит, а на врвот ставиле некаква фигура, нешто како ангел. И сите беа насмеани и среќни. Јосифе, тие се даруваат едни на други, но не и нашиот Син. Ми се чини дека тие дури и не го познаваат. Дури ниту името не му го споменуваат. Имав чувство дека Исус ќе им пречи ако застане кај нив. Зарем не е тоа тажно, Јосифе, некој да го слави твојот роденден, а ти да не си посакуван или добредојден на таа прослава. Знаеш Јосифе, среќна сум што тоа беше само сон. Тоа би било тажно да беше во реалноста“.

Драги браќа и сестри, значењето на Божик секако не е во занесеноста од потрошувачката, ниту во себичното грабнување на сите можни работи за себе, туку пред сѐ во убавото меѓусебно прифаќање, бидејќи и Бог нè прифати со воплотувањето на неговиот Син. Значењето на Божик се манифестира во детето кое лежи во јаслите, таму каде што Бог не среќава во својата љубов. Тука можеме да клекнеме, да молчиме и да се поклонуваме, бидејќи големи дела ни направи Сесилниот. Затоа се радуваме, разменуваме подароци, затоа што Бог во својата љубов ни го даде најголемиот можен дар, дарувајќи ни се во својот Син, Исус Христос, кој дојде кај нас во облик на човек!

На сите ви посакувам среќен Божик и благословена Нова година! Христос се роди!

/katolici.mk

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *