
Владиците на МПЦ-ОА бараат преговорите со Бугарија да бидат во рамки на собраниската резолуција
Македонско-бугарските односи и дијалогот со Софија била една од темите на кои денеска разговарале владиците на МПЦ-ОА, на редовната последна синдоска седнциа за 2021 година.
Архиереите на МПЦ-ОА апелираат до државните властио во преговарачкиот процес со Република Бугарија да се држат македонските национални позиции.
-САС на МПЦ – ОА апелира до надлежните државни фактори, да се придржуваат на веќе едногласно донесената Резолуција во Собранието, и да не се отстапува од темелниот национален интерес и идентитет. Во тој процес сите позиции да се водат исклучиво на реципроцитетна основа, стои во соопштението на САС на МПЦ-ОА.
Истовремени владиците во пресрет на претстојните божиќни пазници повторно повикуваат на почитување на мерките за заштита од Ковид 19.
-САС на МПЦ – ОА упатува апел до верниот народ на нашата Света Црква да продолжат да ги почитуваат здравствените мерки за време на претстојните празници, стои во соопштението од Канцеларијата на САС на МПЦ – ОА.
Vednas , nesudenite nivni braca bugari ce gi poslusaat