Во храмот „Света Троица“ во Куманово ќе почне веронаука наменета за ученици од основно и средно образование, со благослов на митрополитот Кумановско-осоговски Григориј.
Првите часови се предвидени за сабота, 5 септември, со почеток во 19:30 часот. Наставата ќе ја реализира ѓаконот Кристијан Мишевски, магистер по теологија.
Веронауката ќе се одржува во две одделни групи, поделени според возраста на учениците, со цел содржините да бидат приспособени на нивната возраст и степенот на образование.
Учеството во програмата е бесплатно, а заинтересираните ученици можат да се пријават најдоцна до 4 септември на телефонскиот број 077-835-739.
Од храмот ги повикуваат сите заинтересирани ученици да се пријават и да бидат дел од часовите по веронаука.

