Велигденски распоред на градските автобуси – као ЈПС ќе работи за празниците?

Date:

Share post:

Од ЈСП-Скопје информираат дека по повод празникот Велигден, за време на продолжениот викенд, од петок до понеделник, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Во сабота билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време, а билетарите кои работат во една смена ќе бидат достапни од 08:00 до 13:00 часот, додека билетарниците и центрите за персонализација кои работат во две смени ќе работат од 08:00 до 18:00 часот.

Во петок и во недела дежурна ќе биде само билетарницата на Транспортен центар, со работно време од 08:00 до 14:00 часот, додека пак понеделник е неработен ден за сите билетарници и центри за персонализација, информираа од претпријатието.

Жичницата на Водно од петок до понеделник ќе работи со редовно работно време од 10:00 до 18:00 часо, а во понеделник, како и вообичаено, нема да работи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img