Почетна Вести Регион Ватопед ја искажа својата верност и поддршка кон Константинопол и Патријарх Вартоломеј
Ватопед ја искажа својата верност и поддршка кон Константинопол и Патријарх Вартоломеј

Ватопед ја искажа својата верност и поддршка кон Константинопол и Патријарх Вартоломеј

205
0

Неодамнешните изјави на еден поранешен ватопедски монах против Вселенскиот Патријарх, а во врска со украинското прашање, го поттикна манастирот да се огради од неговата изјава, нарекувајќи ја лично мислење кое не го одразува официјалниот став на самиот манастир.

Имено вчера манастирот изјави за медиумите дека отец Нил не се смета повеќе за член на манастирското братство и додаде дека „неговото неодамнешно интервју објавено од Украинската Црква, во кое искажува критика против одлуките на Вселенскиот Патријарх и кое го осудуваме, никако не го изразува ставот и погледот на светиот манастир. Манастирот е под духовна закрила на светиот Синод на Константинопол и со оваа изјава сакаме да искажеме почит и да ги поддржиме канонските права и постапки на Мајката Црква на Константинопол и на благородната личност на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх Вартоломеј“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *