Почетна Вести Вартоломеј ја враќа важноста на жената во Црквата
Вартоломеј ја враќа важноста на жената во Црквата

Вартоломеј ја враќа важноста на жената во Црквата

577
0

fanar 1Вселенскиот патријарх Вартоломеј одлучил да вклучи две жени меѓу шесте негови советници кои ќе го советуваат на Сеправославен собор закажан за јуни на Крит. На овој начин Вартоломеј прави историски чекор давајќи и на жената одговорна функција во Православната црква.

Вселенскиот патријарх очекува неговиот потег да го следат и останатите православни црква. Одлуката за вклучување и на жените во црковните делегации за Соборот беше донесена на една од подготвителните седници во Шамбези.

Досега само Грчката православна црква ја објави делегацијата со која ќе патува на Соборот. Таа брои 40 лица, но нема ниту една жена.

Инаку двете советнички на Патријархот Вартоломеј биле известени со писмо, во кое пишувало „Избрани сте да учествувате како советници на Вселенската патријаршија за Светиот и голем Собор“ .

Станува збор за Теоксенија, игуменијата на Манастирот Хрисопиги на Крит и Елизабет Продрому професорката на Универзитетот Тафтс во Бостон.

Монахињата Теоксенија има 65 години и е игуманија на еден од најголемите манастири во Грција. Елизабет Продрому е универзитетски професор по политички науки, експерт за прашања на религиозните слободи, тероризмот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *