Трамп – избраниот за настапување на Апокалипсата

Date:

Share post:

Над 200 анонимни пријави од американски воени лица укажуваат дека одредени командири на Блискиот Исток ја оправдуваат воената операција против Иран со религиозна реторика поврзана со библиските пророштва за „крајот на времињата“.

Пријавите се доставени до Фондацијата за воена религиозна слобода (Military Religious Freedom Foundation – MRFF), организација која се залага за почитување на принципот на одвојување меѓу црквата и државата во американската армија.

Претседателот на организацијата, Мајкл Вајнстин, поранешен офицер и адвокат, изјави дека дел од командирите ја претставуваат војната против Иран како дел од библиското пророштво за Армагедон.

Според него, во некои случаи се тврдело дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп е „избраниот“ кој треба да го поттикне настанот што ќе доведе до Второто Христово доаѓање.

Вајнстин посочи дека пријавите дошле од околу 50 воени бази само во првите неколку дена по почетокот на нападите врз Иран.

Тој предупреди дека ваквата идеолошка реторика може да биде опасна, бидејќи воените командири имаат големо влијание врз животот на војниците, што може да создаде страв од последици кај оние кои би се спротивставиле или би изразиле несогласување.

Вајнстин исто така наведе дека примери на религиозно влијание се забележуваат и на повисоко ниво. Според неговите зборови, американскиот министер за одбрана Пит Хегсет организира молитвени собири во Пентагон со учество на лични пастори. „Таквите практики можат да имаат долгорочни последици врз армијата и врз процесот на донесување воени одлуки“, предупреди тој.

Во однос на развојот на конфликтот во регионот, Вајнстин изјави дека е тешко да се предвиди како ќе се развива ситуацијата, бидејќи конечните одлуки зависат од американското раководство и се под влијание на политички интереси и религиозни интерпретации.

1 COMMENT

  1. Досието ‘Epstine’ го објави прв Julian Asange, и тоа во целост. Дел е од некласифицираните материјали објавени од Wikileaks и една од позначајните причини зошто Асанж ја плати толку високата цена за својот несекојдневен херојски подвиг. Ако беа само дрогираните американски војници кои од забава убиваат случајни цивили од хеликоптер во Ирак и некои слични аномалии во американската воена етика, не би се стегнал таков синхронизиран меѓународен обрач околу Асанж, кој (да биде иронијата уште поголема) од истите тие елити беше наместен за некаков еднократен нецелосно одобрен сексуален однос со својата партнерка (според шведскиот закон ‘силување од полесен степен’) којашто во истата постела во текот на наведената ноќ веќе доброволно водела љубов со него (нешто што наводно се случило во период долго пред објавувањето на спорните материјали). Тоа беше поводот за неговото апсење и неутрализирање во гигантската битка со силнитенод овој свет. Под вакво обвинение девет години беше воден случај за неверодостојна еднократна сексуална злоупотреба од најлесен вид (кое во правниот систем многу земји не ни постои како можност за препознавање престап) на неговата долгогодишна полнолетна партнерка – против човекот кој ги обелодени ѕверските сексуални злоупотреби на огромен број деца и бели робинки од страна на многубројни припадници на светската елита, ѕверства за кои има докази дека дури опфаќаат и трговија со човечки органи. Меѓу сведоците има луѓе кои со измама исчезнувале од својата природна околина под лажни ветувања за кариера во високата мода, во елитно рангираната сликарска уметност и сл. Значи, така возврати ѕверот за една од многубројните отсечените глави, кои оттогаш наваму не престануваат да извираат една зад друга, веќе многу понемоќни и побеспомошни.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img