Светски научници за религија ќе бидат дел од светската конференција во Скопје

Date:

Share post:

Скопје ќе биде домаќин на Четвртата светска конференција за религиски дијалог и соработка, која од 22 до 26 јуни 2026 година ќе се одржи во комплексот „Македонско Село“.

Темата на која ќе разговараат светски признати научници е „Религијата како оружје на војната: во минатото, сегашноста и иднината“

Конференцијата ја организира Центарот за интеркултурни студии и истражувања при Филозофскиот факултет во Скопје, под покровителство на Министерството за култура и туризам.

-По успехот на претходните европски и светски конференции за религиски дијалог и соработка, годинава во Скопје ќе учествуваат 76 еминентни професори и истражувачи од областа на религијата, културата, социологијата, теологијата, филозофијата, историјата, психологијата и антропологијата на религијата од сите континенти во светот. Конференцијата претставува значајна меѓународна академска платформа за дебата за улогата на религијата во современите конфликти, мировните процеси и меѓукултурниот дијалог. Учесниците ќе ги презентираат најновите научни истражувања, а во работата ќе се вклучат и претставници на верските заедници, со цел унапредување на меѓурелигиското разбирање и соработка, велат организаторите.

Свеченото отворање на конференцијата ќе се одржи на 22 јуни во Музејот на македонската борба во Скопје.

Во рамките на конференцијата се предвидени и посети на најзначајните христијански и исламски културно-историски споменици во Скопје, како и на верските и културните знаменитости во Тетово, со што на учесниците ќе им биде претставено богатото мултикултурно и мултирелигиско наследство на Македонија.

Од 2019 година до денес, конференциите за религиски дијалог и соработка собраа вкупно 424 учесници од 48 држави од Европа, Азија, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Океанија, потврдувајќи го нивното место меѓу најзначајните меѓународни научни собири посветени на меѓурелигискиот дијалог и културата на мирот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img