Светосавската академија во Скопје ќе го одликува Порфириј за зачувување на слогата во страдалното Српство

Date:

Share post:

Вицепремиерот Иван Стоилковиќ објави дека на српскиот патријарх Порфирије, во Скопје ќе му биде врачена повелва за најголеми заслуги во зачувувањето на слогата во страдалното Српство.

Повелбата ќе му биде врачена на денот на Свети Сава – националниот празник на Србите во Македонија.

Стоилковиќ, во објавата на Фејсбук експлицитно не пишува дали Порфириј ќе допатува во Македонија.На денот на Свети Сава – националниот празник на Србите во Македонија, на свечената Светосавска академија во Скопје, Организациониот одбор за одбележување на овој за нас најголем ден, ќе му ја врачи Светосавска повелба на Неговата Светост Патријархот српски господин Порфирије за најголеми заслуги во зачувувањето на слогата во страдалното Српство во овие тешки времиња и исполнување на Божјата волја сите ние Православци, заедно со нашите браќа од другите народи, да бидеме заедно и едно пред Бога до крајот на историјата, напиша Стоилковиќ на Фејсбук.

Порфириј беше гостин на академијата за Свети Сава и минатата година, заедно во присуство на Милорад Додиќ. Неговиот, а особено говорот на Додиќ, предизвикаа сериозен скандал во јавноста.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img