Ставот на бугарскиот патријарх за спомнувањето на архиепископот Стефан

Date:

Share post:

Во своето интервју за БНТ, поврзано со посетата на делегација на Бугарската православна црква на Вселенската патријаршија, Бугарскиот патријарх Даниил ја објаснува позицијата во однос на споменувањето на Архиепископот Стефан за време на Литургијата во храмот „Свети Стефан“ во Истанбул, на која чиноначалствуваше тој, велејќи дека станува збор за легитимна одлука на БПЦ која означува самостојност во делувањето и одлучувањето, незасегнато од разни центри на моќ.

Тој додава дека никој од Вселенската патријаршија воопшто не изразил негодување за споменувањето.

-Никој не направи проблем: зошто го споменувате кога сѐ уште нема Томос од Вселенската патријаршија, зошто го споменувате Архиепископот Стефан кога сѐ уште нема општо прифатливо решение по тоа прашање, изјави Даниил.

Но тоа што е можеби поинтересно во изјава на Даниил е еден аспект, којшто демантира многу нереални изјави во однос на прашањето за статусот на МПЦ-ОА, односно дека БПЦ е „единствената којашто го признала тој автокефален статут на Македонската православна црква“.

Во исто време, Даниил вели и дека споменувањето на Архиепископот Стефан е според името и со титулата што ја има прифатено БПЦ, како „Северномакедонски“, поглавар на црквата во Северна Македонија.

Посетата на висока делегација на БПЦ на Вселенската патријаршија доаѓа по две последователни средби што веќе ги имаа двајцата поглавари – при интронизацијата на Даниил за нов претстојател на БПЦ, кога во Софија присуствуваше Вартоломеј и при одбележувањето ма 100-годишнината од црковното списание “Теологија“, кога двајцата се сретнаа во Солун.

Дали ваквата нагласена дипломатска активност на БПЦ е стратегија за поголема инклузивност во православниот свет или за здобивање на сојузници за нејзините интереси, ќе покаже времето.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img