Српски владика со остра реакција – Босанска црква не постоела и никогаш нема да постои

Date:

Share post:

Епископот бихачко-петровачки и рмански Сергиј остро реагираше на предлогот на поранешниот реисул-улема на Исламската заедница во БиХ, Мустафа Цериќ, за формирање на „Босанската православна црква“. Овој предлог, кој во јавноста беше дочекан со низа критики и несогласувања, епископот Сергиј го оцени како неприфатлив и длабоко проблематичен.

Во својата реакција, епископот Сергиј истакна дека канонскиот поредок на Православната црква е јасно дефиниран и не може произволно да се менува или прилагодува на политички или било кои други вонканонски мотиви. Тој нагласи дека Православната црква на овие простори е утврдена со векови, со јасна историја и континуитет, и дека никаква новоформирана црква со политички предзнак не може да ја замени или поништи таа историска вистина.

„Веројатно господинот Цериќ ги решил сите проблеми во верско-политичкиот живот на Бошњаците, па решил да се позанимава со православните Срби и нивната Црква, во желба, како што самиот вели, да го поврзе „државноста, духовноста и идентитетот“. Ако не беше тажно, ќе беше смешно! Решен да го прекрои идентитетот на земјата во која се заколнал (бидејќи историјата одамна ја прекроил), господинот Цериќ во својот (дневно)политички занес остро го забива политичкото копје за да го прекине постоењето на Српската православна црква и да ја сведе, под друго име, во рамките на босанскиот пашалук – кој сè уште живее во него и сличните нему“, истакнува епископот Сергиј.

Тој нагласува дека Цериќ не знае, или се прави дека не знае, дека христијанството во Босна е многу постаро од самата Босна и дека Свети Сава лично, по добивањето автокефалност, основал епархии чиј што епископи управувале со црквата западно од Дрина.

„Господинот Цериќ не знае и никогаш нема да знае дека Цркви не се основаат во партиски кабинети, бидејќи ова не е ниту Независната Држава Хрватска, ниту кабинетот на украинскиот претседател, за Црквите да се основаат како што се основаат културно-уметничките друштва“, додава понатаму епископот Сергиј.

Тој додава и дека „во состојба на исклучително висока политичка температура, а во желба да зграби уште малку медиумско внимание“, господинот Цериќ неповикано предлага (повторно) основање на „Босанската православна црква“ со „свои канони, свое седиште и јасна лојалност кон босанската државност“.

Епископот нагласува дека „Босанската православна црква“ никогаш не постоела и никогаш нема да постои, а уште помалку ќе биде во служба на партиско-политичките интереси на Цериќ и сличните нему. Како што вели, Црквата трае 2.000 години и ги надживеала царствата и кралствата, па така и она Босанското, во кое ќирилицата и христијанството биле два основни елементи, за што Цериќ не зборува.

„Време е, би рекле крајно, од овие солистички настапи на поранешниот реисул-улема да се огради и Исламската заедница во БиХ, бидејќи како да се гради заеднички живот ако некој, кој до вчера беше првиот муслиман меѓу муслиманите во БиХ, испалува вакви опасни зборови кои не можат и нема да придонесат за утврдување на мирот и заедничкиот живот. Повторувам на крај, по кој знае кој пат, Босна ќе ја уништат токму оние кои најмногу се заколнуваат во неа. Затоа, господине Цериќ, одморете малку и оставете ја оваа земја да дише!“, порача епископот бихачко-петровачки и рмански.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img