Халкидонскиот митрополит Емануил од Вселенската патријаршија бил гостит кај Романскиот патријарх Данаил.
Патријаршијата од Букурешт соопшти дека во четвртокот, на 30 април 2026 година, патријархот Даниел Романски го примил Емануил Халкидонски во Патријаршиската резиденција, кој бил во придружба на архимандритот Аетиос Никифорос, голем еклисијарх и директор на Патријаршиската канцеларија.
-За време на средбата, двајцата архиереи разговараа за прашања од заеднички интерес за Романската патријаршија и Вселенската патријаршија. Тие се осврнаа и на неколку јубилејни настани планирани за 2026 година во рамки на Вселенската патријаршија. На крајот од средбата, патријархот Данаил му упати благодарност на Неговата Сесветост патријархот Вартоломеј I Константинополски и на Светиот синод на Вселенската патријаршија за канонизацијата во 2025 година на четворица романски светогорски светители. Тој ја истакна важноста на овој чин за зајакнување на духовните врски меѓу Романската православна црква и Света Гора, како и за целото православие, објави Романската црква.
Патријархот Данаил ги истакнал долгогодишните пријателски односи меѓу Романската православна црква и Вселенската патријаршија. Митрополитот Емануил изрази благодарност за приемот и ја нагласил важноста на дијалогот и соработката меѓу сестринските православни цркви.
