Со нетрпение ја очекувам церемонијата на затворањето…

Date:

Share post:

Со порака на социјалните мрежи, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Хонг Конг Нектариј ги споделува своите впечатоци за Церемонија на Отворање на Олимписките Игри во Париз.

„Вчера го следевме најкич и најдосадното отворање на Олимписките Игри…“, наведува тој меѓу другото.

Целосно коментарот на Митрополитот на Хонг Конг Нектариј:

Вчера го следевме најкич и најдосадното отворање на Олимписките Игри…

Неколку од највпечатливите моменти:

Спортисти наредени на секаков вид пловила и чамци во далечна позадина…

Фигури полу потопени во реката кои создаваа чувство на давење и гушење кај гледачите…

Околу триесет обезглавени Антоанети кои танцуваа на звуците на рок музика…

Забава со колци што не сме ја виделе од времето на Влад…

И секако, прослава на различноста со кулминација на богот Дионис кој пееше…

Да не ги заборавиме Мињоните, Лејди Гага облечена како пилешко, балетите на Мулен Руж, и секако, иконската појава на Селин Дион (што им требаше сето останато?…)

Прашање: Ќе нè информираат колку спортисти денес се болни од пневмонија по четиричасовниот вчерашен дожд?…

Со нетрпение ја очекувам церемонијата на затворањето…

(Фејсбук статус на Митрополитот Нектариј)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img