Почетна Вести Христијанство Со црковни ѕвона Претседателот Пендаровски пречекан кај Вартоломеј

Со црковни ѕвона Претседателот Пендаровски пречекан кај Вартоломеј

328
0

Претседателот Стево Пендаровски денеска беше на средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Фанар, од кого побарал што поскоро решевање на црковното прашање за МПЦ-ОА.

Македонскиот Претседател беше пречекан со биење на црковните камбани, чин кој означува висока почит за гостинот.

Пендаровски потенцираше дека Вселенскиот Патријарх има особена улога во надминувањето на црковниот спор.

Истовремено, претседателот Пендароски повика на што поскоро надминување на спорот, затоа што како што посочи, раната на едно место во православниот свет боли во целиот православен свет, стои во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.

На средбата се разговарало за состојбите во православниот свет, улогата на Вселенската Патријаршија во поттикнувањето на меѓухристијанскиот дијалог и соживотот меѓу различните народи и религии. Во таа насока, претседателот Пендаровски ја истакнал важноста на улогата на Вселенскиот Патријарх во поттикнувањето дијалог за сите отворени прашања во православниот свет.

Истовремено на средбата беа разменети мислења за состојбите во регионот поврзани со актуелните случувања во однос на интеграцијата на земјите во Европската Унија, при што Патријархот Вартоломеј нагласи дека го поддржува членството на Северна Македонија во ЕУ, кое преку исполнување на критериумите би донело подобар живот, зголемена солидарност и толеранција, стои во соопштението.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *