Со Бадникова поворка најавено Христовото раѓање во Кавадарци

Date:

Share post:

Со Бадникова поворка и пеење на песната „Вечниот бог“, денеска беше најавено Христовото раѓање во Кавадарци. Поворката тргна од црквата “Света Петка“, помина преку централното градско подрачје и стигна до градскиот плоштад. Пред зградата на општината, децата со подароци ги пречека кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

-Бадник е голем христијански празник. Задоволство е да се види кога од млади години се почитува верата, рече меѓу другото Јанчев.

Свештените лица се осврнаа на значењето на празникот и на тоа како тој правилно да се одбележува.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img