Скандалзона изјава на Вучиќ – СПЦ е една и иста и во Мокроњиќ и во Пирот и во Скопје…

Date:

Share post:

Српската црква е една и иста. Таа е иста и во „во Мркоњиќ, Пирот, Сиднеј, Скопје, Франкфурт, Мелбурн и на секое друго место во светот“. Ова го изјавил српскито претседател Александар Вучиќ од Мркоњиќ Град, каде беше одржан комеморативен собир за сеќавањето на жртвите во акцијата „Олуја“.

Оваа изјава на Вучиќ беше дадена во контекст на тоа дека во Српската црквата постоеле „полицентрични идеи“, односно идеи за федерализирање и конфедерализирање на СПЦ.

„Тоа е смрт за српскиот народ, тоа е смрт за српската црква“, изјави Вучиќ, додавајќи дека уште на времето патријархот Иринеј, тој и српските архиереи препознале што се случува.

Тој истакна дека СПЦ е една иста и „во Мркоњиќ, Пирот, Сиднеј, Скопје, Франкфурт, Мелбурн и на секое друго место во светот“, потенцирајќи дека литиите во Црна Гора во 2020 година започнале кога „некои сакале да направат Православна црква во Црна Гора, само за да го избришат она ’српска’“.

Која е таа црква во Скопје што е иста со СПЦ, Вучиќ не објасни. Веројатно МПЦ-ОА ќе побара дополнително појаснување на оваа изјава.

1 COMMENT

  1. А во што е скандалозноста? МПЦ-ОА е автономна црква во рамките на СПЦ. По барање на МПЦ-ОА во 2022 г. СПЦ ја прими МПЦ назад во автономен статус што го имаше во 1959 г….”Сабор…са великом радошћу прихватио одлуку Његовог Блаженства Архиепископа охридског господина Стефана и око њега сабраног Светог Архијерејског Синода којом се прихвата општепризнати канонски статус епархија Српске Православне Цркве у Северној Македонији, додељен им 1959. године, а то је статус најшире могуће аутономије, односно пуне унутрашње самосталности”. И сега сме тука каде што сме, автономни во нашите работи во Северна Македонија, но во состав на СПЦ! Бидејќи Патријархот Српски, како што вели во томосот…”потписати одговарајући Томос и доставити га свим сестринским аутокефалним Црквама на усвојење, будући да Српска Православна Црква није једини фактор аутокефалије него је то пуноћа Православне Цркве, због чега је потребна и рецепција од стране других Православних Цркава”. Бидејќи не сме автокефални, сме автономни, но во состав на СПЦ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img