Почетна Вести Европа Скандалозен став на Рускиот Патријарх – Ако загинете за Русија ќе имате вечен живот (ВИДЕО)

Скандалозен став на Рускиот Патријарх – Ако загинете за Русија ќе имате вечен живот (ВИДЕО)

565
2

Поприлично скандалозна изјава на Рускиот Патријарх Кирил ја разбрабува црковната јавност, откако ги благослови руските војници храбро да гинат за Русија. Ова се случи за време на службата во Собопрниот храм на вооружените сили на Руската Федерација.

Според патријархот Кирил, Русите не треба да се плашат да умрат за својата татковина, затоа што по нивната смрт ќе имаат вечен живот.

Патријархот Кирил додаде дека оние што ќе ги жртвуваат своите животи за Татковината неизбежно ќе бидат „заедно со Бог во Неговото Царство на славата“, без оглед на животот што го живееле овде на земјата.

Коментар(2)

  1. Скандалозна? Кој како го разбрал Евангелието. Христос некаде рече “Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели.” Се’ додека љубовта кон Татковината не се коси со љубовта кон Христа, нема оправдание да не го исполниме долгот кон Татковината како автентичен христијански повик. Се разбира, ова не важи за монасите. Но ако дури и платени војници ( офицери) како Св. Георгиј, Св. Теодор Стратилат, Св. Теодор Тирон, Св. Кнез Лазар итн. можеа да стекнат маченички венци откако многупати беа овенчани со победнички венци како војсководци, зошто тогаш оние коишто безусловно би и’ служеле на својата Татковина (православна Русија) во услови на војна не би стекнале место во Рајот?

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *