Синодалниот оддел за црковна добротворност објави книга за препознавање и надминување на алкохолната зависност

Date:

Share post:

Синодалниот оддел за црковна добротворност и социјално служење при Руската православна црква објави нова книга со наслов „Јас не сум алкохоличар. Водич што ќе ви помогне да се уверите во отсуството на зависност“, соопшти Патријаршија.ру.

Автор на изданието е ѓаконот Јован Клименко, кој вели дека неговиот ангажман во работата со лица алкохоличари започнал од личното искуство. „Мојот работа со зависници започна од личната болка: мојот татко страдаше од алкохолизам. Не верував дека нешто може да се промени сè додека не присуствував на предавања од ‘Школата за трезвеност’. Со Божја помош, преку молитви, разговори и курсеви, мојот татко стекна трезвеност и живееше уште девет многу добри години. Во изминатите години, пред мои очи илјадници луѓе ја пронајдоа слободата, затоа цврсто знам дека тоа е возможно“, наведува Клименко.

Иницијативата за издавање на книгата потекнува од Координативниот центар за спротивставување на алкохолизмот и утврдување на трезвеноста при Синодалниот оддел за добротворност. Неговиот раководител, Валериј Доронкин, истакнува дека целта била да се најде начин како да се допре до човек кој злоупотребува алкохол и да се поттикне да размисли за лекување. „На зависниот или потенцијално зависниот му се нуди сам да провери дали навистина има проблем, како што често му укажуваат блиските. Зависниците секогаш сакаат да се уверат дека проблем не постои. Ова е првата книга што ги обединува резултатите од работа со стотици зависни лица, научната методологија и православниот поглед, при тоа напишана на разбирлив јазик“, вели Доронкин.

Книгата е поделена на два дела. Во првиот се опишуваат фазите на премин кон алкохолна зависност, додека вториот нуди објаснување како чекор по чекор да се врати нормалниот живот. Изданието содржи и тест за утврдување на алкохолна зависност, како и корисни контакти за добивање помош.

Новото издание е достапно за бесплатно преземање во повеќе електронски формати на интернет-страницата на Синодалниот оддел за добротворност. Претходно, истиот оддел ја објави и книгата „Алкохоличар во семејството: како можат да помогнат блиските?“, која е меѓу најбараните публикации и се однесува на улогата на семејството и проблемот на созависноста.

На 22 јануари 2026 година, во рамки на заедничкиот проект „Школа за социјално служење“ на културниот центар „Тавор“ и Синодалниот оддел за добротворност, ќе се одржи средба на тема „Трезвеност? Зошто?“, со учество на претседателот на Одделот, протоереј Михаил Потокин, и ѓаконот Јован Клименко.

Според официјалните податоци, во Русија функционираат повеќе од 600 црковни проекти за помош на лица зависни од алкохол и на нивните семејства. Тие опфаќаат друштва и братства на трезвеност, амбулантни и советодавни програми, како и рехабилитациски центри. Отворена е и бесплатна црковна информативна служба за прашања поврзани со надминување на алкохолизмот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img