Шио III: Единството и верата ќе ги зацврстат нашите Цркви

Date:

Share post:

Во првата патријаршиска беседа по неговото востоличување, католикос-патријархот на Грузија Шио III порача дека единството и верата ќе ги зацврстат православните цркви.

„Се собравме во братско единство во храмот „Света Троица“ за со мир и благодарност да Го прославиме Семилостивиот Господ“, изјави Шио III за време на свечената литургија во патријаршискиот храм во Тбилиси.

Тој со посебна благодарност ги поздрави претставниците на помесните православни цркви кои присуствуваа на богослужбата, истакнувајќи дека нивното присуство е „доказ за духовното единство и христољубивата љубов“ меѓу православните цркви.

„Веруваме дека токму преку ова единство и полнота ќе се зацврстат нашата вера и единството на нашите Цркви“, нагласи грузискиот патријарх.

Осврнувајќи се на новата служба што му е доверена, Шио III рече дека ја чувствува и големината на повикот и тежината на крстот што го носи патријаршиската должност.

„Од една страна сум свесен за големината на овој повик, а од друга ја чувствувам сопствената човечка слабост; затоа вашата молитвена поддршка ми дава духовна сила и охрабрување“, истакна тој.

Патријархот упати благодарност до грузискиот народ, свештенството и монаштвото за молитвите, љубовта и поддршката што му ја дале во деновите по неговиот избор и востоличување.

На свечената литургија присуствуваа делегации од повеќе помесни православни цркви, како и државниот врв на Грузија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img