Почетна Вести Регион Северина го осудува српскиот патријарх: Нека се помоли за спас на својата душа, ќе му треба
Северина го осудува српскиот патријарх: Нека се помоли за спас на својата душа, ќе му треба

Северина го осудува српскиот патријарх: Нека се помоли за спас на својата душа, ќе му треба

498
1

Во големото интервју што изминативе денови го даде Северина Вучковиќ, хрватската пејачка го обвини српскиот бизнисмен Милан Поповиќ дека психички ја злоупотребувал, па наброја судии, лекари, работници на центарот за социјални работи и моќни луѓе, кои, како што наведува, со нејзиниот поранешен партнер во Загреб систематски работеле на тоа трајно да ѝ го одземат детето.

Еден од тие моќни луѓе, вели, е и новоизбраниот поглавар на Српската православна црква, Порфириј.

– Тука е и новоизбраниот поглавар на Српската православна црква, славниот Порфириј, пријателот на Милан кој наводно ми простува нешто, а јас не барам прошка од него. Tој прво нека се покае за своите гревови и нека се помоли за спасение на својата душа. Ќе му треба. Порфириј, како добар пријател на Милан, дозволи детето крстено во католичката црква повторно да се крсти во православната црква без согласност на мајката. Тоа никаде го нема, изјави Северина за Х-алтер.орг.

Во изминатите неколку денови во јавноста протекоа гласини дека Северина му праќала заканувачки пораки на патријархот и дека затоа тој ја пријавил во ДОРХ (Државно обвинителство на Република Хрватска).

Набрзо пријавата до државното обвинителство беше демантирана, а медиумите ја објавија веста дека токму крштевањето на малиот Александар во православната црква е причина за нивниот конфликт.

Коментар(1)

  1. Бар знамо шта је Северина . Морални ауторитет нема шта

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *