Семејството Мицевски, Ангел, Марија, Сара и Димитриј, се дел од организиацијата на Бадниковите поворки, кои веќе 17. година се одржува на 6 јануари. Најправн спонтано, за да и по 17 години целата енергија, целото семјество ја вложува во настанот кој го направи бадниковот празнување во вистинска христијанска смисла, пишува дневниот весник Вечер.
–Сè се случи многу природно и спонтано. Како семејство, отсекогаш сме верувале дека најважните вредности не сеучат со зборови, туку со пример. Сакавме нашите деца да почувствуваат дека постои нешто подлабоко и потрајно, особено денес, кога под притисокот на брзото живеење и материјалното, суштината често останува во втор план, вели Ангел.
Сè започнува во 2016 година, кога ќе го повикаат Ангел да го изработи логото за „Бадникови поворки“, кој како графички дизајнер, набрзо се вклучува во креирањето на целиот визуелен идентитет и на сликовниците за деца.
–Работејќи на тие материјали, сфатив дека тоа не е обичен проект. Тоа не беше само дизајн, туку повик да дадам дел од себе за нешто многу повозвишено“, се сеќава Ангел.
Од тој момент, без големи планови, Мицевски од учесници стануваат волонтери, а потоа и дел од организацијата, со истата љубов со која сè започнува.
Оваа година, нивната ќерка Сара (10), учествува во божиќниот серијал на „Бадникови поворки“, кој се снимаше со актерот Владо Дојчиноски.
Марија и Ангел раскажуваат дека порано здружението организирало масовни работилници, кадешто со децата рачно склопувале илјадници хартиени 3Д-ѕвезди. Иако процесот бил убав, тој барал огромен ресурс, време, простор и волонтери секоја година одново, па сфатиле дека тоа е неодржливо. Затоа оваа година, божиќната ѕвезда доби иновативно решение, кое е дело на Ангел, кој повеќе години работи на развој на трајна божиќна ѕвезда – симбол на Витлеемската ѕвезда.
– Сакавме нешто што ќе остане. Инспирирани од практичноста на склопенитните ѕвезди на пазарот, создадовме наше, автентично решение. Најважната разлика е во симболиката – нашата ѕвезда е осумкрака, како вистинската Витлеемска ѕвезда. Така, од предмет за еднократна употреба, создадовме траен симбол што семејствата можат да го користат со години, вели Ангел.
Ангажманот околу организацијата „Бадникови поворки“ е воедно и еден од начините Мицевски да им ја пренесат на своите деца љубовта кон традицијата, народните верувања и верата.
–Првите поворки никогаш нема да ги заборавам – пред црквата „Св. Димитриј“, на минус дваесет степени, со мали дечиња во скафандери, со црвени носиња и ѕвездички во рацете. Пееја нешто што го чуле, нешто што дури и не го знаеја целосно, но радоста беше искрена. А моментот кога со неколку стотици деца влегувавме во Соборниот храм и ја пеевме „Вечниот Бог“– тоа беше чувство на радост, љубов и голема благодат. Децата растеа, а со нив и нашето чувство дека ова не е само настан, туку нешто што остава трага. Во еден момент, дојде и повикот што природно нè повлече чекор подлабоко, раскажуваат Марија и Ангел за весникот ВЕЧЕР, во пресрет на годинашната божиќна манифестација што ќе се случува во Скопје и во повеќе од 80 општини во земјава на 6 јануари, „Бадникови поворки“.
Целиот текст ОВДЕ

