Почетна Вести Европа Рускиот патријарх ги спореди бугарските власти со сатаната
Рускиот патријарх ги спореди бугарските власти со сатаната

Рускиот патријарх ги спореди бугарските власти со сатаната

2.10K
1

Рускиот патријарх Кирил го цени како нецивилзиациски чин протерувањето на Архимандритот Васијан Змеев од Софија, апостапката на бугарските влсти ја нарече сатанистичка. Руската црква објави став на Патријархот Кирил за случајот со подворјето на РПЦ во Софија, во кој Кирил најавува назначување на нов свештеник за храмот во Софија.

Претставникот на Руската православна црква ја извести Неговата Светост Патријархот Бугарски и Митрополит Софиски дека Светиот Синод на Московската патријаршија наскоро ќе назначи нов ректор за што побрзо да се отворат вратите на рускиот метохион. Во писмото има и молба да му се помогне на свештеникот во претстојниот аранжман во Софија. На крајот од својата порака, Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил изрази уверување дека политичките сили, зад кои стои непријателот на човечкиот род, нема да можат да ги уништат вековните врски на љубовта и братството во Христа, стои во соопштението на РПЦ.

Во писмото одговор од поглаварот на РПЦ стои дека одлуката на бугарските власти е без преседан во модерната историја, а Патријархот длабоко жали за употребата на понижувачки и дискриминаторски мерки против свештенството „со очигледна цел да се нарушат пријателските односи меѓу братските народи. и сестринските цркви“.

Коментар(1)

  1. Нема никакви информации дека прогонетиот Архимандрит Васијан Змеев се движел во политичките кругови или дека развивал какви било политички активности во Македонија или во Бугарија ниту било каде. Значи каков разузнавач бил тој? Монах со архимандритски (пастирски) чин, кој се грижел за негување на братските односи меѓу сестринските Православни Цркви во регионот кој му бил доверен по послушание на Руската Православна Црква, Архимандрит кој како и сите монаси во празниците на сослужувања и синаксиси или трпези на љубовта ги споделувал искуствата на животот во Христа, на плодовите од подвизите во евхаристиските заедници со кои имал прилика да заедничари, својот пастирски опит, па нека е и во духот на богатата руска традиција од која исто така може многу да се научи итн. Но тоа никако не може да се нарече пропаганда или разузнавање. Видливата и невидливата христијанска перихореза се богодарувано право на сите христијански народи. Бруталноста на т. н. секуларни општества кон Црквата во смисла на ограничувања на Нејзините активности (нема право да организира училишта, болници итн.) сега премина во ограничување на движењето на црковните пастири со политички мотивирани одлуки. Тоа е секако форма на прогонство заради додворување кон властите на западните политички авторитарни режими кон кои некои балкански држави негуваат вазалски однос.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *