Почетна Вести Христијанство Митрополитот на Вселенската патријаршија Кирил не се сретнал со поглаварот Стефан, но за автокефалноста на МПЦ ОА разговарал со владиката Тимотеј
Митрополитот на Вселенската патријаршија Кирил не се сретнал со поглаварот Стефан, но за автокефалноста на МПЦ ОА разговарал со владиката Тимотеј

Митрополитот на Вселенската патријаршија Кирил не се сретнал со поглаварот Стефан, но за автокефалноста на МПЦ ОА разговарал со владиката Тимотеј

1.12K
0

Надеж и желба за што поскоро добивање на томосот за автокефалноста од Вселенската патријаршија и со тоа официјално признавање на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ ОА) биле главните теми на разговор меѓу митрополитот Кирил од Вселенската патријаршија и владиката Тимотеј, од Дебарско-кичевската епархија на МПЦ ОА.

Владиката Кирил, воедно и еден од повлијателните тамошни владици, неколку дена беше во официјална посета на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Официјална средба имал со владиката Тимотеј, надлежен за Дебарско-кичевската епархија, но не и со Архиепископот Стефан, поглаварот на МПЦ ОА, објави 360 Степени.

Од кабинетот на архиепископот кусо одговорија дека овој пат средба со митрополитот Кирил не се случила, но дека таква можност имало пред околу два месеци.

Сепак, за официјалното признавање на автокефалноста на МПЦ ОА од страна на Вселенската патријаршија разговарал со владиката Тимотеј. Надежта и желбата за скоро решавање на автокефалниот статус на МПЦ ОА биле главна тема на заедничките средби.

Како што денеска посочи владиката Тимотеј, конкретни чекори не биле прецизирани, но посетата на митрополитот се смета за знак дека Вселенската патријаршија е на страната на МПЦ ОА.

„Конкретни датуми и чекори не прецизираме. Желба постои од двете страни. Кога ќе имаме официјална постапка, јавноста ќе биде известена“, рече г. Тимотеј во изјава за „360 степени“.

Дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј и митрополитот на Имврос и на Тендос, г. Кирил, од Вселенската патријаршија, заедно со свештеници на МПЦ ОА со заедничка литургија го одбележале денот на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид.

Според официјалното соопштение на веб-страницата на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Кирил посочил дека патот што ѝ претстои на МПЦ ОА (Охридската архиепископија) е трнлив, но верува, исто како и патријархот Вартоломеј, дека сето тоа ќе се надмине со помош на митрополитот Тимотеј.

„Вселенскиот патријарх ги пренесува својата братска љубов и прегратки, лично до митрополитот Тимотеј, и му ја пренесува целата почит, која сите во Фанар ја имаат за него. Денешните доблести и славенички, Вера, Надеж и Љубов, се молат г. Тимотеј да продолжи по истиот пат како и досега, да се залага за издавање на Томос за автокефалност од страна на Вселенската патријаршија“, рекол митрополитот Кирил.

Митрополитот Тимотеј, пак, се заблагодарил за сета досегашна ангажираност и волја со љубов да се разреши нашето црковно прашање, а изразил надеж дека Вселенскиот патријарх и понатаму сесрдно ќе се ангажира за целосно признавање и сеопшто прифаќање на МПЦ ОА.

Вселенскиот митрополит му предал на владиката Тимотеј копија од иконата Достојно ест, најчудотворната икона на Пресвета Богородица на Света Гора.

Инаку, во мај 2022 година беше донесена историската одлука на Вселенската патријаршија да ја врати во канонско единство МПЦ ОА.

Еден месец подоцна Српската православна црква издаде томос за автокефалност, што беше оценето како документ за согласност дека МПЦ ОА е достојна да биде во ист ранг со останатите цркви во православниот свет.

Веднаш потоа с99е случи првото заедничко сослужување на архиепископот Стефан со вселенскиот патријарх Вартоломеј во Фанар во седиштето на Вселенската патријаршија.

/360 Степени

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *