Рускиот патријарх на воената парада во Москва – ако победеше непријателот ќе имавме свет на диктатура

Date:

Share post:

Рускиот патријарх Кирил присуствуваше на воената парада што вчера на 9 мај 2026 година, се одржа на Црвениот плоштад во Москва за 81-годишнината од Победата над Фашизмот.

Претходно поглаварот на Руската православна црква вчера, во петок, 8 мај 2026 година, положи венец на Гробот на незнајниот војник во Александровската градина, во близина на ѕидините на Кремљ во Москва.

-Никогаш во човечката историја немало толку разорна, толку страшна војна. Оваа разорна и страшна војна беше насочена против нашата Татковина. Ако непријателот успееше да победи, светот ќе беше сосема поинаков, еден страшен свет: свет на диктатура, свет во кој сите човекови права и слободи ќе беа погазени. Но, најважно е што тоа ќе беше свет без Русија, нешто што не можеше да се случи, истакнал во своето обраќање патријархот Кирил.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here