Рускиот патријарх изрази сочувство по повод убиството на Ајатолахот на Иран

Date:

Share post:

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Московски и на сета Русија Кирил, упати израз на длабоко сочувство по повод убиството на врховниот водач на Исламската Република Иран, ајатолахот Сејед Али Хамнеи, како и на членовите на неговото семејство, пренесува официјалниот сајт на РПЦ.

Во телеграма упатена до претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, патријархот Кирил ја изрази својата тага поради трагичниот настан.

„Примете ги моите длабоки сочувства по повод убиството на врховниот водач на Исламската Република Иран, ајатолахот Сејед Али Хамнеи, и неговите роднини“, се наведува во пораката.

Патријархот го опиша починатиот како човек со длабоки религиозни убедувања, духовен и национален водач со силен дух и карактер. Тој побара од иранскиот претседател да ги пренесе неговите зборови на сочувство и поддршка до семејството на починатиот.

Во пораката се упатува и молитвена желба Семилостивиот Бог да им дарува сила и духовна крепост на роднините и на иранскиот народ за да ја пребродат болката од загубата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img