Рускиот патријарх Кирил наиде на потссмев откако денеска на Велики Четврток, за време на проповедта почнал да зборува за Божиќ и за Богојавление.
-Се чини дека Велики четврток 2026 година ќе влезе во историјата како почеток на транзиција на власта во Руската православна црква, напиша Сергеј Чапнин на фејсбук, посочувајќи дека ова е јасна илустрација дека Кирил во Црквата го загубил секој авторитет.
-Значи, за тие што не се во тек, еве што се случило. Патријархот Кирил одржал проповед на Велики четврток за… Божик и Богојавление. Сметал дека е сосема соодветно да им раскаже на својата малобројна паства и на архиереите дека Божик и Богојавление порано се празнувале заедно… Дури кога му пријде иподијакон и му отвори папка пред него – веројатно со потсетување кој ден е денес во Црквата, а не во личниот календар на патријархот – Кирил се збунил, несигурно изговорил неколку зборови за „патот кон Голгота“ и ја прекинал проповедта, пишува Чапнин, кој сподели и видео од настанот.
-Интересен детал: бојата на богослужбените одежди му покажува на оној што разбира каков празник е денес во Црквата – господов, богородичен и сл. На изобилството од виолетови одежди во храмот, Кирил, изгледа, воопшто не обрнал внимание. Можеби веќе воопшто не го интересира кој точно се собрал во храмот. Па дури ни во олтарот, пишува Чапнин.

