Рускиот амбасадор во Македонија, Дмитриј Зиков, на 4 август го посети манастирот „Свети Наум“ на брегот на Охридското Езеро, каде што се сретна со митрополитот дебарско-кичевски Георгиј.
За посетата информираше Амбасадата на Руската Федерација во Скопје преку објава на Фејсбук, придружена со фотографија од средбата.
Според информацијата, Зиков на свештенството на Македонската православна црква – Охридска архиепископија му предал подарок од Балканскиот кабинет на Московската теолошка академија – комплет од 49 тома од „Православната енциклопедија“.
„Шефот на руската дипломатска мисија им подари на свештениците на Македонската православна црква – Охридска архиепископија 49 тома од Православната енциклопедија како подарок од Балканскиот кабинет на Московската теолошка академија. Посетата уште еднаш ја потврди силата на духовните врски што ги поврзуваат црквите и народите на нашите земји“, се наведува во објавата на руската амбасада.
Посетата е еден од најновите јавни контакти меѓу претставници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и рускиот дипломатски претставник во земјава.


Голем духовен интегритет е потребен за да не се владееш според духот и во една онтолошка смисла всушност според кнезот на овој свет. Лично се гордеам со Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во овие времиња, па и низ историјата, за се’ што правела и прави за зачувување на христијанскиот етос кај македонскиот народ низ сите изминати и тековни светски превирања и промени и особено за црковната политика на есхатолошки вкоренети односи со останатите Помесни Цркви.
Да имаш Жива Црква не е поседување парче хартија со не знам каков потпис во скапоцено ковчеже. Тоа најдобро го сведочела и го сведочи нашата Света Црква.
Но, новинарите се по тапиите, изјавите, прес-конференциите, церемониите, скандалите, елитните средби итн. Тие најчесто не ни знаат што е Жива Црква, не ги ни интересира, и за да дознаат би морале веројатно и наполно да ја жртвуваат својата професија, за да би можеле да станат автентичен, жив член Нејзин. Добро е што ги има, се разбира, но уште подобро е да си ги знаат границите и според своите сили да ја сведочат вистината толку колку што им е достапна (без додавање, без намерно искривување, без фалсификати). Многу образование и духовна мудрост им фали за да седнат на столчето кое се обидуваат да го фатат (на критичари со врховни критериуми!)
Повеќе од дрско е надгледувањето на активностите на Архиепископот Стефан, дрско беше и кога побаравте архимандритот Васијан Змеев да се прогласи за persona non grata во Македонија.
Но, добро е што во Македонија има една неуништлива благотворна сила што држи рамнотежа на екстремните одлуки на политичарите во надворешната политика. А најдобро од се’ е што таа благородна сила е Македонската Православна Црква. Македонскиот народ, за разлика од новинарите (од кои повеќето вешти наемници) не е антируски расположен. Напротив. Жали народот за напуштената полтика на еквидистанца којашто од осамостојувањето до влезот во НАТО ја водеа македонските власти. Тој народ не е ниту глупав ниту поткупен. Поголемиот дел од него засега и не е индоктриниран, за разлика од естаблишментот. За младината, ќе треба да се избориме во секој поглед да се осознае себеси, својата автентична вредност и потенцијали (не само накалемените хоризонти за лажен просперитет сред кои секако ќе го изгуби основниот духовен ориентир).
Неточноста на информацијата за изолираност на Руската Православна Црква е повторувана многукратно на religija.mk. Московската и Ерусалимската Патријаршија на пр. го немаат прекинато евхаристиското единство. На 9.10.2025 Ерусалимскиот Патријарх служеше Света Литургија во рускиот манастир во Хеврон. На Илинден 2025 со благослов на Ерусалимскиот Патријарх Митрополитот Киријакос на Назарет и цела Галилеја служеше архиерејска Литургија во метохот на Руската Црковна Мисија во Ерусалим, му сослужуваа следните клирици: архимандритот Васијан Змеев (глава на таа мисија, значи клирик на Московската Патријаршија), протоереј Мирослав Витов, свештеномонасите Филотеј (Артјушин) и Пјотр (Бородулин), ѓаконот Макариј Петухов, како и клирици на Ерусалимската Патријаршија од арапското говорно подрачје. Дури и вие известувавте за живите врски меѓу рускиот клир во дијаспората и останатите православни клирици од другите Помесни Цркви. И да е наполно изолирана, како што посакувате, тоа е Црква со огромен духовен капитал, ќе го надмине тоа еден ден и повторно ќе треба сите да се соочат со Неа.
Таа атмосефра што напразно се обидуватеда ја создадете е опасна, дури не верувам дека и вам би се допаднала, да ја има. Ја има во Украина, во екс-советските државички. Но кај нас? Ние немаме нерасчистени сметки со Руската Федерација. Напротив. Сите врски досега биле длабоко пријателски и полезни за македонскиот народ и држава.
Има и нешто подалеку од носот. Не е ЕУ сиот свет. И не е најдобриот дел од светот.