360 Степени: МПЦ-ОА и Русија – Приближување во време на политичко оддалечување

Date:

Share post:

Од средби со руски дипломати до поддршка за Украинската православна црква лојална на Москва, а не онаа признатата од Вселенската патријаршија – што ја турка Македонската паравославна црква на Исток, а не на Запад. Во исто време, Македонија е на списокот на непријатели на Москва, заедно со членките на ЕУ и НАТО, откако Русија изврши инвазија на Украина во 2022 година. Со исклучок на партиите на Србите и Левица, македонските политичари редовно избегнуваат дури и протоколарни настани организирани од Русија, пишува порталот 360 Степени во својата амализа посветена на односите на МПЦ-ОА и Руската Федерација и Руската црква.

Контактите на Македонска православна црква – Охридска архиепископија со амбасадор на Русија се случуваат во време кога односите меѓу Скопје и Москва се на историски најниско ниво. Како членка на НАТО, Северна Македонија застана зад одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина при руската инвазија во февруари 2022 година. Земјава донира и значителен дел од своето старо, советско оружје, за потребите на украинската армија.

Ваквата поставеност ја смести Македонија на листата непријателски земји за Москва, заедно со речиси целиот западен свет. Од тој момент, во повеќе наврати, Македонија протера вкупно 11 руски дипломати. Таа статистика ги вклучува и тројцата протерани дипломати во септември 2023 година, кога македонското Министерство за надворешни работи соопшти дека тие презеле активности во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи.

Речиси истовремено за непожелен во земјава беше прогласен и шефот на руското црковно предворје во Софија, Васијан Змеев, кој беше чест гостин во седиштето на МПЦ-ОА. За негова заслуга се смета застојот во односите со Вселенската патријаршија за целосно признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.

Имајќи ги предвид тензичните политички односи на релација Скопје – Москва и истовремено срдечните меѓу МПЦ-ОА и Русија и Руската православна црква, „360 степени“ упати прашања до Македонската парвославна црква – каква порака се испраќа со зачестените средби со руски државни и црковни претставници и која е, всушност, нивната конкретна цел?

„Станува збор за две среќавања, но за една средба помеѓу Неговото Блаженство Aрхиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и амбасадорот на Руската Федерација, Неговата Eкселенција г. Дмитриј Зиков. Средбата од 18 јуни 2026 г. остварена во кабинетот на Блаженејшиот може да се смета како официјална, додека втората, од 15 јуни 2026 г., како што и самите знаете, беше протоколарно среќавање на настан организиран од страна на Руската амбасада по повод Денот на Руската Федерација, каде меѓу останатите гости, присутен беше и Архиепископот придружуван од еден митрополит. За двата настани јавноста беше информирана. Но, не секоја средба подразбира испраќање на порака. Синодот настојува да постапува транспарентно и секогаш кога постои потреба од упатување порака до јавноста, тоа го прави преку давање изјави или официјални соопштенија“, одгопворил од МПЦ-ОА, за 360 Степени.

Во конкретниот случај, по средбата, МПЦ-ОА објави соопштение на својата интернет-страница. Но, тоа содржи само информација дека таква средба се одржала. Како и при одговорот на нашето прашања, немаше објаснување за целта и пораките.

Новинарот и аналитичар Марјан Николовски, во зачестените контакти меѓу врвот на МПЦ-ОА и Амбасадата на Руската Федерација, гледа како на сериозен обид за политичко мешање во земјава. Не поради тоа што Македонската православна црква комуницира со Москва.

„Тоа го препознавам можеби низ аспектот што последните две-три години, ако не и од 2022, од доаѓањето прво на Васијан Змеев во Македонија, веројатно е обидот да се манипулира со емоциите во поглед на именувањето на црквата. Па сега, ние имаме некоја форма на тоа дека Руската црква нас сè ни признава, оние другите, Грците, нè мразат, не ни даваат да се викаме македонска, еве Русите ни даваат. Но, во основа, мислам дека има и клирици во МПЦ, и од високиот врв и од понискиот, кои искрено веруваат, убеден сум дека има такви, дека Западот е лош за православието, има намера да го уништи, а чуварот на тој православен ореол на Македонците и може да го спасат само Русија, Путин и Кирил“, вели Николовски за 360 Степени.

Николовски смета дека наклонетоста на МПЦ-ОА кон Русија не се огледа само низ одлуките на колективните тела. Тој го посочува однесувањето и на самите владици.

„Од почетокот на војната во Украина до денес, со поглаварот на Руската православна црква имаат сослужувано три цркви. Тоа е Бугарската, со нивните свештеници, српскиот патријарх и владиката Петар од МПЦ-ОА. Ниту една друга помесна православна црква нема сослужувано со поглаварот на Руската православна црква затоа што огромен процент на клирици и цркви на православниот свет сметаат дека Руската православна црква е продолжена рака на воената агресија во Украина. Така што, тоа е само еден од аспектите што укажуваат на тоа дека МПЦ се движи во блокот на рускиот свет. Засега таму се Бугарската црква и Српската православна црква. И уште една работа – последните неколку години, особено последната година, нашите стратешки партнери, мислам на државни стратешки партнери – Соединетите Американски Држави, пред сè, и Европската Унија, нивниот интерес веќе не е кон МПЦ во тоа дали таа има проруски позиции. Тие имаат зацементирано дека е со проруски позиции, туку нивниот сегашен интерес е како таа политика на МПЦ може да се одразува во општеството понатаму“, вели тој.

Целата анализа прочитајте ја ОВДЕ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img