Русија бара заштита за имотот на СПЦ во Косово

Date:

Share post:

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека состојбата со имотот на Српската православна црква во Косово предизвикува сериозна загриженост.

„Ние сметаме дека оваа состојба, меѓу другото, е резултат на неканонските чекори на Цариградската патријаршија во однос на православието во Украина. Имало влошување на политизираните пристапи во врска со канонските православни структури и кршењето на нивните законски права“, се вели во соопштението.

Руското МНР бара од УНМИК да изврши притисок врз властите во Приштина, со цел да ги заштити легитимните интереси и права на СПЦ во Косово.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img