Почетна Вести Европа Романската црква внесува молитви во литургиите за прекин на војната во Украина
Романската црква внесува молитви во литургиите за прекин на војната во Украина

Романската црква внесува молитви во литургиите за прекин на војната во Украина

111
0

Романската православна црква уште еднаш ја покажува големината на нејзиното дејствување како една од најодговорните православни цркви. Одделот за Литургија при Патријаршијата предложил, а Патријархот Данаил препорачал да се внесат нови молитви за време на Богослужбите кои се однесуваат на прекин на војната во Украина. Сега предлозите треба да ги одобри Светиот Синодот на Романската патријаршија.

Она што се предлага е дел од малата ектенија, каде треба да се додадени зборовите: „За да се искорени омразата, непријателството и желбата за доминација од срцата на оние кои ги угнетуваат невините, да се обединат сите во непризнаена љубов, разбирање и мирен соживот и да се стави крај на војната, бедата и страдањата на народот, на Господ да се помолиме. За избавување на угнетените од угнетувањето на нечистивите, за радост на Црквата и на Неговиот народ, на Господа да се помолиме“.

Исто така се внесуваат и зборови во големата ектенија. „Плач со солзи, тага и длабока тага нè совлада Господи, поради страдањата на нашите браќа во војната. Затоа, кон Тебе, Боже наш, понизно викаме: Запази го, како милостив, ова страдање и стравот што нè обзеде, да биде за покајание, и поскоро избави нè сите од секаква неправда, угнетување и прогонство, за да може да живее во мир според Твојата волја. Те молиме, Кој си брз во помош и силен во заштита, слушни не и смилуј се на нас.“

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *