Почетна Вести Христијанство Протестантските цркви во Македонија реагираат на новата концепција за основно образование
Протестантските цркви во Македонија реагираат на новата концепција за основно образование

Протестантските цркви во Македонија реагираат на новата концепција за основно образование

763
1

Евангелско протестантската иницијатива, која во Македонија обединува десетина протестански цркви и верски заедници реагира до Министерство за образование и наука во врска со најновата нацрт верзија на Концепцијата за основно образование.

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

По првиот допис, Ви се обраќаме повторно во врска со Нацрт верзијата на Концепцијата за основно образование. Ви благодариме за досегашните информации, но имаме потреба од дополнителни, зашто од првиот допис сме запознати со формата на образованието, но не и со содржините.

Ние како ЕПИ – Евангелско Протестантска Иницијатива која обединува 10 евангелскопротестантски деноминации во Северна Македонија – ја поддржуваме иницијативата за реформи во образованието. Сметаме дека со оглед на резултатите кои нашите ученици ги остваруваат со години наназад, реформата е повеќе од потребна за да фатиме образовен тек со светските образовни и севкупни текови. Истовремено, со оглед на тоа дека МОН најавува длабока реформа на образованиот систем, сметаме дека е неопходна транспарентност во самиот процес, на проектираните форми и содржни, како и јавна расправа по овие прашања.

Реформа од овој тип неминовно задира во повеќе чувствителни теми кои ќе се изучуваат од децата на сите граѓани – нашите деца – и токму затоа апелираме на јавност, транспарентност и вклучување на што повеќе перспективи пред финализацијата на програмата.

Да бидеме поконкретни, нашите забелешки и барања се однесуваат на:

  • Земање предвид на светогледната разноликост на децата во концептуализацијата, јавната расправа и финализацијата на реформите. Во самиот нацрт има многу генерални и недефинирани поими, па затоа е тешко да се даде сугестија. На пример, кои се тие „родови стереотипи“ или „традиционални родови улоги“ кои треба да се изостават од содржината на образованието? Дали на сметка на инклузивност на досега маргинализираните групации, ќе се врши нова дискриминација на сите деца кои ги застапуваат традиционалните вредности? Само децата од христијанските и исламските семејства сочинуваат околу 90% од населението во Македонија. Не би смееле да си дозволиме тие да бидат новата маргинализирана заедница во нашата земја. Во однос на ова, сметаме дека истражувањето кое го посочувате не е доволно за градење на целосна слика за потребите и нивното адресирање во сферата на образованието.
  • Вклучување на родители со светогледна разноликост во концептуализацијата, јавната расправа и финализацијата на реформите. Согласно секуларниот карактер на државата, во кој ниту една група граѓани нема право на идеолошка доминација и со тоа сметаме дека не смеат едни гледишта да бидат фаворизирани, а други занемарени. Оваа тема е прашање и на домашното воспитување и образување и треба да се земат предвид гледиштата и чувствата на родителите и семејствата чии деца ќе бидат изложени на оваа наставна програма. Ние, родителите на нашите деца, сакаме да ги одгледуваме, воспитуваме и образуваме нашите деца согласно нашиот светоглед, којшто во нашиот случај е христијански и претставува неприкосновено право на човекот согласно член 11 од Уставот на нашата земја. Дополнително, согласно член 26 (став 3) од Универзалната декларација за човекови права: „Родителите имаат првенствено право да го изберат видот на образованието што ќе им биде дадено на нивните деца“. Ова го гарантира и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права (член 18, став 4) вели: „Државните договорнички на овој Пакт се обврзуваат на почитување на слободата на родителите и во случај на потреба на законските старатели, да обезбедат верско и морално воспитување на своите деца согласно сопствени убедувања“. Затоа сметаме дека родителите со верска определба кои претставуваат над 90% од населението во нашата земја, мора да бидат вклучени во дискусијата околу програмата за ССО.
  • Вклучување на ентитети со светогледна разноликост во концептуализацијата, јавната расправа и финализацијата на реформите. Со отсуството на јавна расправа и првенствена вклученост на севкупниот академскиот сегмент, како и невклучување на повеќе граѓански здруженија и иницијативи, и верски заедници грубо се крши и транспарентноста и партиципативноста како клучни постулати на секој демократски процес.
  • Транспаретност на процесот и навремена достапност на содржините. Искрено сме ви благодарни за навремениот одговор кој го добивме на нашиот прв допис. Но, истиот се состои од опис на процесот, а не и на содржините кои се клучни за нас. Имаме сериозна загриженост во однос на фактот што сè уште не е достапен учебник или наставен материјал според кој би се одвивал наставниот процес, а веќе е објавено од страна на Министерството дека се вршат обуки на наставниот кадар. Ова создава дополнителна загриженост и непотребен сомнеж во однос на предметот ССО и другите предмети (на. пример историја), а кој може да биде отклонет само доколку четирите горенаведени точки во целост се испочитуваат. Со надеж за најдобро образование на нашите деца, Евангелско Протестантска Иницијатива (ЕПИ): Христијанска Заедница Тринитас Евангелска Црква во Република Македонија Христијанска Баптистичка Црква “Радосна Вест” Христијанска Црква „Божји Глас“ Евангелско Протестантска Црква „Гласност“ Евангелско-Конгрешанска Црква Христијанска Црква Слово на Надеж – Скопје Христијански Центар во Република Македонија Христијанска Црква Оаза во Република Македонија Слободна Евангелска Црква “Добра Вест“ За ЕПИ: Евангелско Протестантската Иницијатива претставува здружување на евангелско-протестанските цркви и заедници во Македонија.

Никола Галевски

Коментар(1)

  1. Благодарност до уредникот и редакцијата за објавениот текст.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *