Продажбите на Библии во Обединетото Кралство достигнаа рекордно ниво, поттикнати од интересот на младите

Date:

Share post:

Продажбите на Библии во Обединетото Кралство достигнаа највисоко ниво досега во 2025 година, покажуваат најновите податоци од издавачката индустрија. Како што соопштува Faith Image, истражувањата укажуваат дека овој раст се совпаднува со зголемена посетеност на црквите во Англија и Велс, при што најизразен интерес покажуваат младите луѓе кои сè почесто бараат духовна смисла.

Според анализите, продажбите на Библии во 2025 година се зголемиле за 134 проценти во споредба со 2019 година, што претставува највисока забележана бројка откако се води ваква статистика. Вкупната вредност на продадените примероци достигнала 6,3 милиони британски фунти, што е значително зголемување во однос на претходните години и јасен показател за обновен интерес кон Светото Писмо. Дополнително, религиозната се издвојува како една од најбрзо растечките категории на  литература во земјата, со пораст на продажбата од 11 проценти во 2025 година. Најбаран превод на Библијата во изминатата година бил English Standard Version.

Книжарите забележуваат дека значителен дел од новите купувачи доаѓаат од семејства без религиозна традиција. Станува збор претежно за млади луѓе кои, без претходно верско образование, самостојно започнуваат да ја истражуваат Библијата во потрага по одговори за светот и за сопствениот идентитет. Дел од нивниот пат кон духовноста започнува онлајн, преку јавни личности и содржини на социјалните мрежи, а потоа продолжува кон религиозните текстови и, во одредени случаи, кон црковниот живот. Според извештај објавен во 2025 година, бројот на луѓе кои редовно посетуваат црква во Англија и Велс се зголемил за околу 50 проценти од 2018 година наваму, при што најголем пораст е забележан кај возрасната група од 18 до 24 години.

Според издавачите, променетите општествени услови – глобалните политички и безбедносни кризи, последиците од пандемијата, развојот на вештачката интелигенција и сè поизразената криза на менталното здравје – повторно ги отвораат прашањата за смислата и духовноста, особено кај помладите генерации. Во тој контекст, христијанството сè почесто се доживува како контракултурна појава, наместо како наследена традиција. Иако во јавниот простор се појавуваат и обиди за политичка злоупотреба на христијанските симболи, црковните водачи во Обединетото Кралство јавно се дистанцираат од таквите појави. Според истражувачите, растот на интересот за Библијата и за црковниот живот започнал години пред овие политички трендови и претставува подлабока и подолгорочна општествена промена.

Слични тенденции се забележуваат и во други земји, вклучително и во Соединетите Американски Држави, каде продажбите на Библии исто така достигнаа највисоки нивоа во последните две децении, што упатува на поширок меѓународен феномен на обновен интерес за христијанската вера.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img