Почетна Вести Принц Салман: Трамп е вистински пријател на муслиманите
Принц Салман: Трамп е вистински пријател на муслиманите

Принц Салман: Трамп е вистински пријател на муслиманите

159
0

Принцот Мохамед бин Салман од Саудиска Арабија по посетата на Белата куќа изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е вистински пријател на муслиманите и неговата забрана за влез на државјани од 6 земји на Блискиот исток е наменета за спречување на влез на терористи во САД.

tramp princПринцот Салман вели дека добил многу позитивни пораки од страна на претседателот Трамп дека нема ништо против муслиманите, туку дека треба да се направат напори за спречување на тероризмот. Саудиска Арабија не е ставена на листата на забранети земји, а критичарите на Трамп велат дека ја изоставил бидејќи таму има свои бизниси.

На средбата било разговарано и за нуклеарниот договор со Иран кој е оценет од двете страни како опасен и недоволен бидејќи само ја успорува програмата со која може да се создадат оружја за масовно уништување. Инаку е познато дека меѓу Саудиска Арабија и Иран се води тивка војна за доминација во муслиманскиот свет.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *