Почетна Вести Свет Православците и католиците во Ерусалим сложни: Црквата на Светиот гроб останува затворена
Православците и католиците во Ерусалим сложни: Црквата на Светиот гроб останува затворена

Православците и католиците во Ерусалим сложни: Црквата на Светиот гроб останува затворена

310
0

Лидерите на двете најголеми христијански деноминации во Ерусалим најавија дека Црквата на Светиот гроб, изградена на местото каде што Исус според Библијата бил распнат, погребен и воскреснал, останува затворена во знак на протест поради обидот на Израел да го оданочи имотот во Светиот град.

Претставниците на грчко-православната и римокатоличката црква рекоа дека се изненадени од одлуката и го обвинија градоначалникот на Ерусалим, Нир Баркат, дека го нарушува статус квото што долго време важеше.

„Тие сериозно го мислат тоа. Тие навистина сакаат да видат дека нешто се променило пред да ја отворат вратата“, изјави портпаролката на ерусалимскиот патријарх, Ана Коулоурис.

Градоначалникот објасни дека оданочувањето нема да се однесува на местата за молитва, туку на комерцијалните објекти, без разлика кој ги поседува.

Исламското екстремистичко движење Хамас денеска повика на ескалација на интифадата, бунтот против израелската окупација, бидејќи Црквата на Светиот гроб во Ерусалим е затворена втор ден по ред поради спор со ерусалимската општина околу даноците.

/МКД.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *