Почетна Вести Христијанство Пратениците кои гласаа за уставните измени ја поздравија одлуката на СПЦ
Пратениците кои гласаа за уставните измени ја поздравија одлуката на СПЦ

Пратениците кои гласаа за уставните измени ја поздравија одлуката на СПЦ

109
0

Одлуката на СПЦ да ја одоби автокефалноста на МПЦ-ОА,  ја поздравија и осумтемина пратеници кои гласаа за уставните измени и реализација на пресшанскиот договор.

-Почитувани граѓани, во име на поранешната независна група, од срце Ви ја честитаме значајната вест која денес одекна од Република Северна Македонија дека МПЦ-ОА добива афтокефалност. Овој сон конечно станува реалност и денешниот големпразник Св.Кирил и Методиј ќе го паметиме како историски за православието и македонскиот идентитет. Сите ние со гласот ЗА Преспанскиот договор имаме удел во ова што се случува денес и за вакви победи вредеше секоја жртва. Да се гледа кон иднината, не е секогаш едноставно, но само храбри одлуки носат промени кои биле долгогодишна желба. Само признаена држава, гордо и еднакво исправена до своите меѓународни партнери може да биде успешна приказна. Задоволство е што ставивме уште едно делче во мозаикот на македонските победи. Да ни се множат убави вести и заедно да им се радуваме, пишува во реакцијата на пратениците.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *