Погребан поранешниот Европски Митрополит
928
0
Поранешниот Митрополит Европски, г. Горазд е погребан во манастирот Чардак. Претходно во храмот Пресвета Богородица, Архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан и дел од владиците на МПЦ-Оа, отслужија заупокоена литургија.
На опелото заедно со Архиепископот учествуваа и митроплитите Дебарско-кичевски г.Тимотеј, Повардарски г.Агатангел, Брегалнички г.Иларион, Тетовско-гостиварски г.Јосиф, Кумановско-осоговски г.Григориј и митрополитот поранешен г.Јосиф.
Митрополит Горазд поранешен митрополит Европски, почина по долгогодишно боледување.