Почетна Вести Христијанство Почина поранешниот Европски митрополит Горазд
Почина поранешниот Европски митрополит Горазд

Почина поранешниот Европски митрополит Горазд

815
0

По долго боледување, денеска, понеделник, 28 декември 2020 година, во раните утрински часови, се упокои во Господа Неговото Високопреосвештенство, Поранешниот митрополит Европски Горазд.

Митрополитот Горазд беше еден од постарарате генерација владици на МПЦ-ОА, кој замина во пензија по нзазначувањето на Отец Пимен за Митрополит Европски.

Заупокоената Литургија и Опелото ќе се отслужат во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, со почеток од 9 часот. Митрополитот Горазд ќе биде погребан во манастирот „Св. пророк Илија“ — Чардак.

Неговото Високопреосвештенство Горазд (Димитровски) е роден на 21. 9. 1936 година во с. Стрезовци (Кумановско). На крштението го добил името Богољуб. Основно образование завршил во родното место, а потоа се запишал во Богословијата во манастирот Раковица кај Белград, која со успех ја завршил. Потем се запишал на Богословскиот факултет на Белградскиот универзитет, каде дипломирал во 1964 година. По дипломирањето дошол во Скопје и извесно време работел како службеник во Македонската Архиепископија.

По ракополагањето во презвитерски чин, бил поставен за  парохиски свештеник при храмот „Света Петка“, а подоцна и во храмот „Свети великомаченик Георгиј” во Чаир, во Скопје. Откако овдовел, бил замонашен во манастирот „Свети великомаченик Георгиј” во Криви Дол, Скопје, добивајќи го името на еден од учениците на светите браќа Кирил и Методиј – Горазд. Бил хиротонисан за викарен Епископ на Архиепископот Доситеј, со титула Епископ Тивериополски, на 26. 7. 1977 година.

Извесен период беше Митрополит Струмички. Во 1994 година беше востоличен за прв Митрополит на Европската епархија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Од активната архијерејска служба се повлече во 2006 година.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *